СДСМ: Сиљановска не верува ниту во сопствениот слоган

Од:

„Гордана Сиљановска, кандидатката на Христијан Мицкоски вчера уште еднаш докажа дека е неискрена, нечесна и лицемерна кон граѓаните.

Сиљановска призна дека не верува во сопствениот слоган, призна дека други и го одбрале а таа само го прифатила.

Дури и самата Сиљановска призна дека нејзиниот слоган е контрадикторен за ВМРО-ДПМНЕ, партијата што ја поддржува.

Со тоа уште еднаш се потврди дека Сиљановска не ништо повеќе освен продолжена рака на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Таа уште сега слуша насоки и директиви од белиот дворец. Сиљановска ниту сака ниту може да биде претседател на сите граѓани, таа единствено сака да биде нов Ѓорге Иванов, нов партиски послушник што ќе ги следи насоките од белиот дворец и Будимпешта.

Граѓаните нема да дозволат кандидат кој не верува ниту во сопствените постулати на програмата, кој е неискрени и нечесен да застане на чело на државата.

Затоа граѓаните на изборите ќе изберат вистински претседател, ќе го изберат Стево Пендаровски за претседател кој обединува и води напред кон прогрес и интергација во ЕУ и НАТО“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Мицкоски рече дека тој побарал да се блокираат исплатите за ИПАРД, СДСМ вели дека лаже

Катерина Ѓуровски

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД