Белгија: Уапсено едно лице за тероризам, неизвесно дали е избегнат нов напад

Од:

Белгиското федерално обвинителство соопшти дека едно лице е уапсено во текот на вчерашниот ден за „терористички активности“, но не потврдува дали се подготвувал нов напад, јави дописничката на МИА од Брисел.

Дваесет и две годишен маж е уапсен во текот на викендот во домот на неговата баба во мал град во близина на Брисел и се товари за учество во активности на терористичка група.

Според белгиските медиуми кои се повикуваат на извори во судството, лицето се подготвувало да изврши терористички напад во сабота или во недела, но обвинителството одбива да ја потврди или демантира оваа информација.

Полициската акција ја спровела антитерористичката бригада на Белгија во домот на бабата на 22-годишниот маж, кој се криел таму. Запленет е еден компјутер и неколку телефони. Според медиумите, лицето се наоѓало во домот на неговото семејство за да се збогува со нив пред да го изврши нападот.

Според бабата со која разговарале новинарите, осомничениот преминал во ислам откако починала неговата мајка, убиена од нејзиниот партнер.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски