Охриѓанец извршил полов напад врз малолетник

Од:

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“, Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против лицето А.А. (36) од Охрид.

Oд страна на истражен судија на напаѓачот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Според полициското соопштенмие, ноќта помеѓу 16 и 17 овој месец, пријавениот се обидел да изврши полов напад врз десетгодишен малолетник, инаку негов роднина. Настанот се случил во една од собите во куќата каде заедно живееле сега притворениот и нападнатиот малолетник. На обидот за полов напад му претходел удар со тупаница по грбот и употреба на физичка сила од А.А. врз малолетното лице како начин да го заплаши, да ја злоупотреби и искористи неговата немоќ да се спротивстави на таквите обиди.

Во намерата да го изврши половиот напад, притворениот А.А. бил спречен од неговиот брат кој спиел во истата просторија и го забележал однесувањето и обидот за полов напад. Тој веднаш го оттргнал малолетникот од напаѓачот, по што случајот бил пријавен во полицијата од страна на родителот на десетгодишното дете.

Полицијата веднаш го привела А.А. инаку лице против кое и претходно биле поднесувани пријави по повеќе основи за сторени казнени дела.

Би можело да ве интересира

МВР уапси странец кој крадел во ресторан во Охрид

Горан Наумовски

ЦУК: Поплавени подруми и гаража во охридско од поројниот дожд

Најмногу дожд во Охрид во изминатите 24 часа

Почина седумесечно бебе во болница во Охрид: Паднало од кревет во домот во Вевчани

Орце Костов

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов