Пендаровски во Босилово и Василево: Нема да дозволиме некој да се коцка со иднината, ќе победиме, масовно да излеземе на избори и да заокружиме број 3!

Од:

На претстојните избори да се поддржи концептот што води напред, бидејќи тоа значи развој и подобар живот, тоа значи членство во НАТО и интеграција во ЕУ што обебзедуваат нови работни места и повеќе пари кај земјоделците, кај граѓаните, повика Стево Пендаровски, на вечерашните средби со жителите во Босилово и Василево.

– На 21ви април и на 5ти мај, на избори, да дадеме ветер во грб на политиките на оваа власт за да покажеме дека нашата Македонија е на правиот пат, а не да дозволиме политичките противници да се коцкаат со иднината на државата, рече Пендаровски.

Тие немаат став за битни работи, смета Пендаровски, но имаат став дека се ќе поништат и ревидираат се што оваа власт направи добро за народот и за државата. Затоа, масовно да излеземе на изборите и да гласаме за број 3, за да продолжиме по вистинскиот пат заедно напред, повика Пендаровски.

Тој пред присутните истакна дека претстојните избори се особено важни за да продолжат реформите, да продолжи напредокот во интеграциите.

Во изминативе речиси две години, сведоци сме на еден целосно нов пристап во односите со соседите, кој ги решава најтешките проблемите, и ги отвора портите на Европа за Република Северна Македонија, смета Пендаровски.

Го обезбедивме и заштитивме идентитетот и ги отворивме перспективите кон ЕУ и НАТО. Интеграцијата кон овие два сојузи носи бројни придобивки и отвора влез на пазар од 500 милиони потрошувачи. Тоа е дополнителен стимул за нашето земјоделство и нашите земјоделски производи, порача Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

Орце Костов

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Пендаровски: Очекувам дека изборите ќе завршат во мирна атмосфера како што доликува на демократско општество

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Сиљановска-Давкова се бори за прв, а Пендаровски за уште еден мандат