„Ми дадовте политичка поддршка која ретко се случува, вие не се дистанциравте и дадовте поддршка на најдобрата опција за иднината на Република Северна Македонија. Претходно постоеја гарнитури кои во вас гледаа непријатели, таквиот однос не смее да се повтори, бидејќи тоа беше срам и не се европски вредности. Вие сте граѓани на нашата држава и сте рамноправни. Границата по договорот со Бугарија е европска граница“, рече Пендаровски денеска на одбележувањето на 11 годишнината од формирањето на Бугарскиот културен клуб.
Македонско-Бугарската комисија, посочи за кратко време ќе даде исход и тоа нема да носи делби туку ќе затвори историски контроверзи врз основа на историски факти и аргументи.
„ Во последните две година има нов дух на соработка, меѓу двете држави. Ако ја добијам довербата така и ќе остане, упорно, достојно ќе работам на унапредување на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Бугарија“, рече Пендаровски.
Соговорниците дадоа недвосмислена поддршка за Стево Пендаровски, бидејќи рекоа, само тој како модерен политичар гледа напред и ќе работи за европска држава, за европска Република Северна Македонија.