Една од трансфер целите на Реал Мадрид во лето ќе биде ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Пол.
Лидерот на „белиот балет“, Зинедин Зидан е фан на францускиот репрезентативец и верува дека совршено ќе се вклопи во неговата филозофија.
Излегува сепак, дека шефот на Реал – Флорентино Перез, не е фан на Погба и не сака да клубот да потпише со него, тврди „Ел Конфеденсиал“. Перез не е среќен од фактот дека ќе треба да плати околу 150 милиони евра за играчот, а и покрај тоа ќе треба да даде и за провизија на неговиот агент – Мино Раиола.
Според шефот на тимот од Мадрид, тимот може да најде сличен играч со вакви квалитети за многу помалку пари.
Се смета дека една од главните причини Зидан да се врати во Реал е уверувањето дека ќе има целосна слобода на трансферниот пазар, па допрва ќе дознаеме дали Перез ќе отстапи.
Како алтернативи на Погба се сметаат Кристијан Ериксен и Адриен Рабио.