Горан Заев: Николоски не докажа дека Вице Заев е главен бизнис фактор во државата

Од:

Во Граѓанскиот суд во Скопје попладнево заврши судското рочиште во кое братот на премиерот, Вице Заев, го тужи за навреда и клевета, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Алексансар Николоски за теелфонска изјава дека е главен бинзис фактор во државата и дека европски вредности не се местени тендери на Вице Заев.

Судијката Кети Германова на денешното судење ги изведе доказите, меѓу кои и снимката од спорната изјава, а беа изнесени завршните зборови.

Горан Заев, адвокатот на Вице Заев, рече дека од изведените докази се покажало дека со клеветата на Николоски дека се компромитира личноста на Вице Заев и почитта од сограѓаните.

„Слободата на изразување сепак во определени услови може да биде санкционирана и ограничена, во случај кога со слободното изразување се нарушува на угледот и правата на другите“, рече адвокатот на Вице Заев и појасни дека со изјавата му се нарушени честа и угледот.

Николоски во завршните зборови рече дека изјавата е дадена како потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, и должност на опозицијата е да отвора прашања во јавноста, со цел јавноста да врши надзор и критика над работењето на власта.

„Изјавата е дадсна со цел да де даде критика на власта предводена од СДСМ и е насочена кон работата на Владата и за големиот број афери кои постојано излегуваат во јавноста“, рече Николоски.

Тој пред судот рече: „Немав намера да го навредам тужителот. Делот со наместени тендери е изваден од контекст и не се однесува на тужителот, туку на работата на Владата“.

Причината за тужбата е поради тоа што Николоски во телефонско интервју за рекол дека Вице Заев и неговото семејство ги добиваат сите главни бизниси во државата.

Вредноста на спорот е 30 илјади денари. Вице Заев беше повикан на расчит и објасни дека тужбата е поради лагите и манипулациите кои ги изнел Николовски во телевизиската емисија со што му гу нарушиле честа и угледот.

Објавата на пресудата, судијката Германова го закажа за 22 април.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела