Раст на кинескиот извоз во март од 14,2 отсто

Од:

Кинеската царинска служба соопшти дека во текот на март извозот на Кина се зголемил за 14,2 отсто на годишно ниво, достигнувајќи 198,7 милијарди долари, што претставува најголем раст во последниве пет месеци.

Мартовското зголемување на кинескиот извоз следи по падот од 20,8 проценти на годишно ниво во текот на февруари.

Во исто време, увозот во Кина во текот на март изнесувал 166 милијарди долари, што претставува пад за 7,6 отсто во однос на истиот месец минатата година.

Тоа значи дека во март Кина остварила трговски суфицит од 32,64 милијарди долари.

Според царинската управа, во првиот овогодишен квартал кинескиот извоз на годишно ниво се зголемил за 1,4 отсто, а увозот се намалил за 4,8 проценти.

Во текот на март суфицитот во трговијата на Кина со САД се зголемил за 40 отсто во споредба со февруари, достигнувајќи 20,5 милијарди долари. Во целиот прв овогодишен квартал кинескиот трговски суфицит со САД изнесувал 62,66 милијарди.

Суфицитот на Кина во трговијата со САД беше една од главните причини поради кои американскиот претседател Доналд Трамп лани воведе царини за увоз на повеќе кинески стоки, што доведе до трговска војна меѓу двете водечки светски економии.

Би можело да ве интересира

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ