СДСМ: Сиљановска брани криминал и криминалци и лаже дека е натпартиски кандидат

Од:

„Гордана Сиљановска не само што е залутана во политиката, туку и нејзиното делување е спротивно на интересите на државата и граѓаните.

Сиљановска брани криминал и криминалци и не осудува насилство исто како и Христијан Мицкоски и Никола Груевски.

Кандидатката на Мицкоски лажеше дека е натпартиски кандидат, лажеше дека нема да го признае уставното име, лажеше дека е за правда а брани криминалци.

Граѓаните нема да дозволат кандидати залутани во политиката да застанат на чело на државата. Граѓаните нема да дозволат нов Иванов, нов партиски послушник кој ќе работи спротивно на државните интереси. Граѓаните ќе изберат вистински претседател кој ќе ги брани нивните интереси, граѓаните ќе го изберат Стево Пендаровски за нов претседател на државата“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори