Државната изборна комисија денеска ќе ја одржи 32-та седница, на која ќе биде разгледано Упатството за ракување со изборниот материјал, за општинските изборни комисии и избирачките одбори.
На дневен ред се и Прирачникот за пополнување на обрасците за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето, како и поднесените барања за овластување за набљудување на претседателските избори.