Пендаровски во Македонска Каменица: Нудам иднина, да одиме заедно напред, да ја донесеме Европа тука, а не младите да ни бегаат

Од:

На денешната средба со жителите на Македонска Каменица, Пендаровски порача: – Важно е за која политика ќе се одлучи народот, дали за политика која води напред, или за политика која не враќа во темното минато.

Јас сум убеден дека граѓаните сакаат напред.

„За десет години од режимот на претходната власт се иселија многу млади. Тие се грижеа само за нивните партиски членови и за фамилијата. За нас сите граѓани се еднакви. Нашата цел е да ја донесеме Европа тука, а не младите да ни бегаат во Европа. Јас нудам иднина за младите, напредок, просперитет, членство во ЕУ и НАТО.“, рече Пендаровски.

Со добивањето на датум за почеток на преговорите, веднаш се отвораат широки перспективи. Се отвораат фондови за развој на младите, за земјоделството и инфраструктурата.

Другата опција, посочи Пендаровски, нема план, освен да уништат се што е добро за граѓаните и да не вратат назад.

Тој побара поддршка на изборите на 21ви април и на 5ти мај за да се продолжи со развојот и да се обезбеди иднината.

Вети дека тој како претседател нема да дозволи селективна правда.

Законот ќе важи за сите, а тој ќе биде претседателот на сите граѓани.

Би можело да ве интересира

МТВ: Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Пендаровски од Куманово: Поголема излезност за државата да чекори по зацртаниот пат

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

Горан Наумовски

Пендаровски: Пред вас граѓаните има две опции, едната што продолжува напред, другата што сака да нè врати назад

(ВИДЕО) Пендаровски во Маврово: Срамота е што Мицкоски ги моли коалиционите партнери за гласови за Сиљановска