Амeриканската амбасада организира Саем за образование со универзитети од САД

Од:

Амбасадата на САД во земјава, во соработка со EducationUSA, ќе биде домаќин на турнејата на EducationUSA во Југоисточна Европа.

На настанот кој што ќе се оддржи денеска попладне во Скопје, ќе присуствува вршителот на должност амбасадор на САД, Сузан Фалатко, а 15 преставници од универзитети од САД ќе бидат на располагање да одговорат на прашања во врска со високото образование во Соединетите Држави и нивните институции.

Како што соопштија од Американската амбасада, советниците на EducationUSA ќе бидат тука да објаснат како се аплицира на универзитет во САД, и ќе ги информираат студентите за услугите што EducationUSA ги обезбедува во центрите во Северна Македонија. Освен тоа, координаторот за програми на размена во Амбасадата на САД ќе одговара на прашања во врска со можностите за школарини и програми за размена на студенти, спонзорирани од Владата на САД.

Влезот на настанот е бесплатен, а се покануваат студентите и нивните родители да учествуваат.

Би можело да ве интересира

Иран: Америка ќе плати за убиството на дете и брачна двојка

Блискиот Исток на раб на нова ескалација: Продолжуваат судирите меѓу САД и Иран

Горан Наумовски

Пентагон започна ревизија на силите во Европа, во фокусот е Кина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Повторно одмазда со ракетен напад, Техеран тврди дека уништил авиони Ф-35

Предраг Петровиќ

Три експлозии го потресоа островот Кешм во Иран, ракета погоди станбена зона

(ВИДЕО) Америка изврши одмазднички напади врз Иран

Горан Наумовски