Ливерпул може да биде главен кандидат за потписот на белгискиот репрезентативец Торган Азар во текот на летото, иако во моментов фаворит изгледа Борусија Дортмунд, тврди белгиското издание „Nieuwsblad“.
Самиот плејмејкер на Борусија Менхенгладбах ги преферира „жолто-црните“, но според информациите, неговиот клуб не сака да го продаде во Бундеслигата.
Помладиот брат на ѕвездата на Челзи – Еден Азар, ќе чини околу 36 милиони фунти, а Дортмунд го сака како заменик на Џејдан Санчо, кој речиси сигурно ќе замине. Кандидат за неговиот потпис е Манчестер Јунајтед.
Торган Азар потпиша со Менхенгладбах во 2015 година по трансферот од Челзи вреден 6 милиони фунти. Британските медиуми велат дека „сините“ може да интервенира во спорот за играчот од средниот ред.