Во Брисел почна самитот на лидерите на ЕУ за Брегзит

Од:

Во Брисел почна вонреден самит на лидерите на Европската унија, на кој се разговара за претстојното излегување на Велика Британија од таа организација.

– Дојдов на самитот со барање до лидерите на Европската унија да го одложат Брегзит на краток рок, изјави британската премиерка Тереза ​​Меј при влезот во седиштето на Европската унија.

Истакнувајќи дека Велика Британија веќе требаше да излезе од Унијата, Меј рече оти е тажна, бидејќи британскиот Парламент не го одобри договорот за Брегзит што британската Влада го постигна со официјален Брисел.

– И натаму тврдам дека овој договор може да обезбеди меко и уредно разидување, рече Мeј, додавајќи дека работи напорно и преговара со британската опозиција за што поскоро да биде надминат проблемот.

– Барам одложување на Брегзит до 30-ти јуни. Целта на овој самит е да се обезбеди пролонгирање на Брегзит за да можеме во тој период да го усогласиме договорот за регулирано разделување, рече Мeј.

Таа тврди дека е можно британскиот Парламент да го одобри договорот за Брегзит до 22ри мај

Би можело да ве интересира

Официјален Брисел криеше дека Фон дер Лајен е во болница

Немири во Брисел, уапсени 159 лица

Усвоена е декларација во Брисел: Иднината на Западен Балкан е во ЕУ

Мицкоски, Муцунски и Муртезани во Брисел

Бесиан Ахмети, внукот на Али Ахмети, отповикан од амбасадата во Брисел

A1on

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски