Екипата на Манчестер Јунајтед успеа да се пласира во четвртфиналето на ФА купот откако синоќа на „Олд Трафорд“ со 2:1 го совлада Рединг. Ова беше единствениот дуел на премиерлигашки екипи во осминафиналето.
Избраниците на Сер Алекс Фергусон отпорот на противникот го „скршија“ откако во игра влезе Робин Ван Перси (64.минута). Головите ги постигнаа: Нани во 69.минута и Чичарито во 72.минута.
Стрелец на голот за Ридинг беше Џоди Мек Ануф во 81.минута.
Пласман во четвртфиналето досега обезбедија: Милвол, Барнсли, Блекбурн, Виган, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед.
Повторен натпревар ќе играат Евертон и Олдам бидејќи беше 2:2, додека последниот четвртфиналист ќе биде победникот од дуелот Мидлсброу и Челзи.