Заев-Хамачек: Силна препорака за отворање на поглавјата за преговори

Од:

Претседателот на Владата Зоран Заев прими владина делегација на Република Чешка предводена од Првиот заменик претседател на Владата во Прага, Јан Хамачек. На средбата, Заев нагласи дека македонската Влада е посветена на евро-атлантските реформски процеси, на развивањето на концептот „Едно општество за сите“, на македонскиот модел на решавање на добрососедските односи за решавање на најделикатните прашања, како и во однос на придонесот на регионалната соработка меѓу земјите на Западен Балкан.

Чешка во јули оваа година го презема претседателството со Вишеградската група на земјите членки на ЕУ од Средна Европа, и Република Северна Македонија е убедена дека и од таму ќе дојде поддршката за одлука за потврдување на датумот за отворање на поглавјата за преговори за оваа година. Силен импулс во таа насока ќе биде и ратификацијата на Протоколот за пристапување во НАТО кој чешкиот парламент го најави во текот на следните месеци.

„Како посветен партнер на нашата земја во однос на аспирациите за членство во ЕУ, нашите две земји остануваат силно посветени на заедничко решавање на прашањата од особен интерес за Европската Унија, како што е, на пример, мигрантската криза. Силен доказ на оваа заедничка посветеност е вчера потпишаниот Договор за донација вредна околу еден милион евра, која опфаќа повеќе безбедносни сегменти за техничко осовременување и доопремување на неколку организациони единици при МВР, со посебен акцент на миграциската проблематика“, рече Заев.

Премиерот Заев на средбата ја нагласи определбата на двете земји да го одржуваат и развиваат пријателскиот политички дијалог на највисоко ниво, како и да го поттикнат интензитетот на економската соработка.

Чешкиот вицепремиер Јан Хамачек на средбата со премиерот Заев ја истакна исклучително важната соработка на безбедносните сили на двете земји на границата, и нагласи дека Република Чешка останува отворена за оваа соработка и за во иднина, дури и кога контролата на границата заеднички ќе ја споделат полицијата на РСМ и европските здружени полициски сили „Фронтекс“.

Чешкиот вицепремиер ја истакна и соработката меѓу војниците на двете земји во мисијата на НАТО во Авганистан, и нагласи дека досегашниот придонес на Република Северна Македонија во области од интерес на ЕУ, како и напредокот на внатрешните реформи, се силна препорака Советот на министри за надворешни работи на ЕУ да препорача Европскиот Совет да ја потврди одлуката за отворање на поглавјата за преговори со Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска