Милошевски презентираше дел од програмата за поубав, почист и поуреден Охрид

Од:

Митре Милошевски, кандидатот за градоначалник на Охрид на ВМРО-ДПМНЕ денешната прес-конференција ја искористи за презентација на дел од инфраструктурните проекти посочени во неговата предизборна програма.

Тој најави повеќе проекти за разубавување на Охрид, односно ликот на градот преку уредување на парковите, влезовите во Охрид, но и изнаоѓање системски решенија во инфраструктурата, водоснабдувањето и канализацискиот систем, како во градските така и во руралните средини.

– Охрид не може да си дозволи да нема водовод и канализација, да е затрупан со ѓубре, да има лоши улици. Затоа предвидуваме изградба и доизградба на водоводни системи во Рача, Горно Лакочереј, Пештани, Лагадин, Куратица и Ливоишта, како и на повеќе улици во градот, рече Милошески.

Тој најави фекална канализација во Трпејца, четврта фаза на системот за отпадни води во Велгошти, Рача, Лескоец, но и на улиците „Железничка“, „Стив Наумов“, „Абас Емин“, „Будва“, „Александар Туринџиев“, „Ристо Чадо“.

– Инфраструктурата, комуналните работи и животната средина мора да бидат приоритет за градот да биде убаво место за живеење. За поубав лик на градот предвидуваме проект за финансирање кампањи за почист град, за подигање на свеста, за чување на општествените добра, за заштита на човековата околина, рече Милошевски, притоа најавувајќи ја мерката „1 : 10“, со која за секое пресечено дрво во централното градско подрачје, ќе мора да се засадат десет нови.

Би можело да ве интересира

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски