Најголемата прехранбена компанија во светот „Нестле“ повлече од трговската мрежа во Италија и Шпанија тестенини со говедско месо откако по анализи е утврдено присуство на коњско месо над еден отсто, објави Фајненшал тајмс.
Компанијата соопшти дека ги известила властите. Минатата недела соопштија дека нејзини продукти не се засегнати од скандалот со коњско месо во Европа.
Нестле повлекува од продавници во Италија и Шпанија замрзнати равиоли и тортелини со говедско месо. Компанијата ќе повлече и замрзнати лазањи болоњезе произведени во Франција.