Мицкоски во Гостивар: ВМРО-ДПМНЕ ќе ги победи СДСМ најпрво на 21 Април, потоа и на 5 Мај, а потоа и на предвремените парламентарни избори

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска пред граѓаните на Гостивар кажа дека секаде во Македонија слушал дека иден претседател на Република Македонија ќе биде професорката Гордана Силјановска Давкова, со што ВМРО-ДПМНЕ ќе ги победи СДСМ најпрво на 21 април, потоа и на 5 мај, а потоа и на предвремените парламентарни избори.

– Во разговорите со граѓаните слушам дека секаде има разочарувањето од сета онаа лага којашто ја кажуваше Зоран Заев и СДСМ и предизвикала голема депресија кај народот. Тешко и траорно е да се разговара за реалните проблеми кои се нивно секојдневие, рече Мицкоски.

-Уште потешко е кога на прво ќе се појавите и почуствувавате од нивна страна една недоверба затоа што во вас како политичар гледаат или човек што дошол овде да лаже, а ако лаже да добие можност понатаму да краде. Таа е реалноста во Македонија.

Јас сум овде и стојам пред вас овде исправен и ве гледам очи во очи и само со една молба, а тоа е да ве замолам да ни дадете шанса да покажеме дека сме поразлични и да видите дека таа шанса ќе биде искористена навистина, истакна Мицкоски.

Тој посочи дека Зоран Заев заедно со СДСМ во изминатиот период имаат кажано многу невистини и тие невистини резултираат со големо разочарување кај граѓаните.

– Неправда е кога ќе ги редат чевлите пред Влада како опозиционери, а денеска симболизираат дека тоа е големо иселување и дека не се задоволни со политиките на тогашната влада за да денеска видиме дека ниту еден човек не дојде по својот пар чевли, туку напротив илјадници наши сограѓани трајно ја напуштија Македонија бидејќи се разочарани од ветувањата на Зоран Заев и врхушката на СДСМ, кажа Мицкоски.

-Неправда е кога на докторите ќе им ветите плата од 100 илјади денари, кога ќе ветите реновирани клиники, а денеска ги гледаме докторите како трајно заминуваат од Mакедонија и ги полната клиниките во Eвропа и Aмерика.

Неправда е кога на младите ќе ветите младинска гаранција и сигурни места, а денеска привилигирани ќе бидат само до 7 колено роднините на Mира Дизел затоа што му била слуга на Зоран Заев, додаде Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Денот на албанската азбука, симбол на образованието и напредокот на албанскиот народ

Мицкоски: Јас ја водам Владата исклучиво од интересите на мојата татковина

СДСМ: Синдикалната кошничка порасна за 772 денари – граѓаните плаќаат за неспособноста на владата

Мицкоски: Се доближуваат ставовите во однос на каматата за унгарскиот заем со банкарската асоцијација

СДСМ: Со буџетот Владата ќе троши на чоколадо, а за граѓаните сув леб

Горан Наумовски

Мицкоски: Условите што утре ќе ги договориме со банките не зависат само од мене