Таткото на Фросина: Ако нема правда за моето дете, тогаш јас ќе ја земам во свои раце

Од:

„Или ќе има правда за моето дете, или ќе станеме „Див Запад“, па секој ќе се снаоѓа како умее и знае, ќе си ја зема правдата во свои раце“, изјави за „А1он“, Љупчо Цековски, таткото на прегазената Фросина, по одлуката на Апелација за намалување на казната на три години, за возачот Љубиша Видојковиќ.

Цековски, вели дека болката е уште поголема, од пред 4 години кога загина Фросина, и за него е неприфатливо како што вели, толку ниска казна за некој кој возел со 160 километри на час и усмртил човек на пешачки премин, а потоа избегал и не укажал помош.

„За семејството Цековски, болката е преголема по загубата на најмилото и ништо не може да ни ја врати ќерката. Но, се надевавме дека правдата ќе излезе на виделина и дека сторителот ќе си ја добие заслужената казна. Очигледно правдата е во рацете на моќните. Не знам што да кажам, очекувавме казна затвор од најмалку 10 години, а тие му намалија на три. Ова ли е држава, ова ли е судство? Згора на тоа му го поништија делото дека не и укажал помош, откако ја удрил. Порачувам, нема да се смириме, ќе се жалиме до сите институции“, рече Цековски.

За таткото на Фросина има многу неразјаснети работи во целиот случај. Тој вели, дека не му е јасно како сведоците пред судот тврделе дека девојчето поминало на зелено, а вештачењето покажало дека било запалено црвено светло.

„Не знам, не ми јасно. Барав да се вратат камерите, да се зумира, но не дозволија. Кажаа дека било црвено светло и толку“, додава таткото на Фросина.

Адвокатот на семејството Цековски Благоја Ангеловски, вели дека откако ќе ја добие одлуката од Апелациониот суд ќе поднесе Иницијатива до Врховен суд за преиспитување на висината на казната.

„Ќе бараме, преиспитување на казната, затоа што болката е преголема за злото кое му е нанесено на семејството. Се надеваме дека судските институции, ќе го разгледаат нашето барање и ќе ја сменат одлуката во корист на Цековски“, рече адвокатот Ангеловски.

Инаку, Фросина Цековска, студентка од Крива Паланка загина на пешачки премин во сообраќајка на булеварот „Партизански одреди“ кај Унивезална сала. Возачот Љубиша Видојковиќ не застанал по кобниот удар, а при прегледот му се најдени 1,2 промили алкохол во крвта.

Кривичниот суд еднаш му пресуди и го осуди на 6 и пол години затвор , но Апелација го врати процесот назад и ја поништи пресудата.

На второто судење Видојковиќ беше осуден на 4 години затвор, а денеска Апелација која жалбата ја разгледувала на јавен претрес му ја намали затворската казна дополнително на 3 години.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Шеесет и деветгодишна жена е жртвата во синоќешната сообраќајна несреќа во Чаир

Велосипедист е тешко повреден во сообраќајка во Струмица

Горан Наумовски

Жена почина во сообраќајна несреќа во Чаир

Четворица повредени во сообраќајка на патот Куманово – Крива Паланка

Горан Наумовски

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

38-годишна жена е повредена во сообраќајка во Гостивар