Националната арена „Филип Втори“ во Скопје е преименувана во „Тоше Проески“, одлучи Владата на денешната седница.
Утрово на редовната 129 #седница на @VladaMK донесовме одлука за преименување на стадионот во Национална Арена Тоше Проески, во чест на личноста која остави траен белег на македонската и регионална современа историја.
— Миле Бошњаковски (@portparolVRSM) April 9, 2019
– На редовната 129. седница, Владата денеска донесе одлука за преименување на стадионот во национална арена „Тоше Проески“ во чест на личноста која остави траен белег на македонската и регионалната современа историја, напиша владиниот портпарол Миле Бошњаковски на „Твитер“.
Во 2009 година, претходната Влада го преименува поранешниот Градски стадион во Национална аера „Филип Втори“.