Силјановска Давкова: Младите ќе ја донесат победата

Од:

Кандидатот за претседател на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова денеска оствари средба со пензионери во Градскиот парк и средба со млади во Битола.

Силјановска Давкова при средбата со младите посочи дека тие се движечката сила на едно општество, гласот на промените, иновативноста, и надежта на секое општество од кое почнуваат промени.

Најдобар синоним за младиот човек е слободата. Тие мора да бидат слободни, мотивирани и да ја почувствуваат грижата од државата, појасни Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова истакна дека младите ќе ја донесат победата затоа што секогаш младите луѓе се носители на промените, бунтовноста и бестрашноста.

Силјановска Давкова при средбата со пензионерите рече дека со нив разговарале за нивните проблеми во секојдневниот живот, иселувањето на младите како и за кратењето на пензиите односно за негрижата на оваа влада кон нив.

Како што треба да се грижиме за нашата иднина, а тоа се младите, така треба да се грижиме подеднакво и за нашето минато и минат труд преку грижа за пензионерите и нивните потреби, нагласи Силјановска Давкова.

Би можело да ве интересира

Силувано е 12 годишно девојче во Битола – ОЈО води истрага за 36 годишник

А1он

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор

Поплавени улици во Битола по обилниот дожд во градот

Обвинителството започна истрага за грозоморното убиство во Битола

Убиство во битолската населба Баир, жртвата е млада жена

Катерина Ѓуровски

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот