14 осудени за крвавиот четврток бараат Иванов да ги помилува

Од:

Семејствата на 14 осудени за настаните од 27 април во Собранието на РСМ поднеле барање за помилување до претседателот Ѓорге Иванов. Барање за помилување поднесено е и за ексдиректорот на БЈБ, Митко Чавков кој беше осуден на 18 години казна затвор.

Засега непознато е кој го поднел барањето за помилување за ексдиректорот на БЈБ. Адвокатот на Митко Чавков, Сашко Дукоски за „А1он“ вели дека последен пат со Чаков се видел во петокот, но воопшто не разговарале за било какво помилување.

-Барањето не е од мене поднесено ниту пак од Чавков. Не знам од кој е поднесено, некој очигледно вежба право, вели Дукоски.

Од Кабинетот на претседателот Иванов за „А1он“ потврдија дека до петокот, во попладневните часови биле доставени повеќе барања за помилување.

Покрај Чавков, за 27 април затворска казна добија и полицајците Душко Лазаров, Горан Ѓошевски Леви и Митко Пешов, Мунир Пепиќ по 15 години. Оливер Поповски 13 години, Абдуљфета Алими 7 години, Оливер Радулов 10 години, Јане Ченто 15 години, Игор Југ 13 години, Александар Василевски Нинџа 8 години, Никола Митревски Кољо 15 години, Младен Додевски и Горанчо Ангеловски 12 години, Влатко Трајковски 15 години и Вилијам Михајловски 15 години.

Ослободителна пресуда за случајот доби оперскиот пејач Игор Дурловски.

Шеснаесетте осудени кои добија вкупна затворска казна од 211 години беа обвинети за делото „Терористичко загрозување на уставниот поредок на РСМ“.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

На Вељаноски, Јанакиески, Ристовски и Атанасовски им се суди за организација на „крвавиот четврток“

Мери Јордановска

Оценувањето на обвинителниот акт за настаните од 27 април одложен за 23 декември

Заев: Стравував дека ќе ми заврши животот на 27 април

Михајловски за 27 април: Во Собранието не пречекаа со отворени врати, фалеше уште шведска маса

Завршни зборови за 27 април

Продолжува судењето за случувањата во Собранието на 27 април