ВИДЕО: ДИК не може да ја контролира кампањата на Фејсбук

Од:

Со мали забелешки кампањата е добра, вака првиот човек на ДИК, Оливер Деркоски ги оцени изборните активности на кандидатите во првата недела од изборната кампања. Деркоски кажа дека биле нотирани активности пред официјалниот старт на кампањата што беше забелешка и во прелиминамирниот извештај на ОБСЕ и дека во овој дел ќе се иницираат законски измени за во иднина.

„Ние не можеме да реагираме се додека не се потврдат кандидатурите на кандидатите за претседатели. Тие формално правно не беа кандидати во тој период. Веројатно забелешката на ОБСЕ ќе биде измени на Изборниот законик за попрецизно дефинирање на кампањата”, рече Деркоски.

Во однос на забелешките на ОБСЕ за дискриминација на социјалните мрежи, Деркоски смета дека тоа е поле кое тешко може некој да го контролира и дека од ДИК постојано апелирале кандидатите и партиите да се воздржуваат.

„Првите седум дена, еве денеска е осми ден од кампањата, со мали забелешки се е ок и во однос на претходното искуство мислам дека врви добро”, изјави Деркоски.

ДИК денеска треба да го утврди и изгледот на гласачкото ливче. Според информациите од Комисијата, како и на претходните претседателски избори, на гласачкото ливче ќе стои државното знаме, редниот број и името на претседателскиот кандидат заедно со симболот на партијата која го поддржува. На прашање зошто кандидатите ќе имаат и партиско лого во случај кога тројцата се предлог на група избирачи, првиот човек на ДИК, Деркоски објаснува дека сите кандидати доставиле согласност за користење на партиски логоа и тоа Стево Пендаровски на СДСМ, Горсна Силјановска Давкова на ВМРО-ДПМНЕ, Блерим Река има едно посебно свое лого и две од партиите кои го поддржуваат – Беса и Алијанса за Албанците.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар