Милошоски ја пречкрта „Северна“ на својата акредитација

Од:

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, кој е дел од собраниската делегација што учествува на Пролетната сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на својата легитимација го пречкртал зборот „Северна“. За ваквиот потег тој се пофали на социјалните мрежи, објавувајќи ја пречкртаната акредитација.

„Македонија е името на народната воља, согласно референдумите од 1991 и 2018 година!
Искористи ја за таа цел секоја можност, секоја акредитација, секој потпис и обележје, дома и во странство, во име на правото на самоопределување и заради достоинството на секој Македонец!

Во наредните неколку дена делегацијата на македонското Собрание е во Парламентарното Собрание на Советот на Европа, предводена од шефот на делегацијата Бетиане Китев заедно со пратениците Шпреса Хадри и Антонијо Милошоски. Тие ќе учествуваат на Вториот дел од редовната сесија на ПС на СЕ што се оддржува во Стразбур, Република Франција.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му