Црвенковски: Јакимовски им сврте грб на соборците

Од:

Во гостувањето на Алфа телевизија, лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски најави дека локалните избори без опозиција ќе значат трка без алтернатива, трка со фингирана опозиција која што рече е манипулирана.

Одлуката за бојкотирање на локалните избори беше една од најтешките одлуки што сме требале да ги донесеме. Жалам што Стевче Јакимовски одлучи да настапи на локалните избори.

Јакимовски беше дел од најтесното раководство, учествуваше во донесувањето на одлуките. Јас незнам дали имаше уцени кон него, дали беше желба само за градоначалничка фотеља или пак се работеше за нешто што не го знаеме, но во секој случај Јакимовски им сврте грб на соборците”-рече Црвенковски.

Доколку по враќањето на мандатите на пратениците, Груевски одлучи да распише делумни избори, тие избори нема да имаат кредибилитет.

Праша дали е тој или друг виновен за 116-то место по однос на слободата на медиумите, дали тој или некој друг наредил насилно да се исфрлат новинарите и пратениците од собранието, дали тој или некој друг е виновен за оценката на Амнести интернешнл и Стејт Департментот дека во Македонија има политички затвореници. Црвенковски смета дека сеуште до одржувањето на локалните избори има шанса да се разреши политичката криза во Македонија на демократски начин, а тоа според него е одржување на предвремени парламентарни избори на кои вели ќе се врати легитимитетот на институциите.

Би можело да ве интересира

Црвенковски не ги коментира шпекулациите дека ќе формира партија

Жарко Настоски

Заев: Црвенковски не може да биде друго освен СДСМ, не верувам во приказни дека прави нова партија

Кристијан Ландов

СДСМ му одговори на Црвенковски: Ставовите на премиерот се ставови на партијата

Катерина Ѓуровски

Црвенковски бара СДСМ да се огради од ставовите на Заев: Го замрзнувам моето членство до седница на Централниот одбор

Ана Ололовска

Црвенковски: Ако летово не добиеме датум за преговори, тоа ќе биде доказ за отсуство на лидерство и визија во рамки на ЕУ

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Црвенковски и Фрчкоски сакале да го тргнат Глигоров од политиката, Андов открива детали во книгата „Пред атентатот и по него“

Наум Локоски