Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Робин ван Перси вели дека не знае што би правел кога ќе заврши со фудбалската кариера, и дека се плаши од недостаток на предизвици и мотивација.
Холанѓанецот ја игра дебитантската сезона во дресот на „Ѓаволите“ и досега има постигнато 20 погодоци во црвениот дрес.
Ван Перси не успеа да се запише во листата на стрелците на мечот против Реал Мадрид, но вели дека сака да игра големи натпревари во кои притисокот е голем.
„Навистина сакам да присуствувам на спектакли. Тие дуели носат голем притисок, и тоа ме исполнува. Тоа се напревари каде линијата помеѓу поразот и победата е навистина тенка, и секогаш е возбудливо. Живеам за тие моменти. Додека ви зборувам за ова, помислувам на тоа како би ми било кога ќе се откажам од активното играње. Навистина неможам да се замислам, дека еден ден нема да можам да го почувствувам притисокот и чувството на ваквите дерби-дуели“ истакнува Робин ван Перси.