(ВИДЕО) Пендаровски во Новаци: Со слога и единство сите заедно да чекориме напред

Од:

Стево Пендаровски, заедничкиот кандидат за претседател, на средба со жители на Новаци, говореше за напредокот, за отворените перспективи за државата, за младите, за придобивките од членството во ЕУ и НАТО. Пендаровски повика на слога и единство.

„Дајте слога, дајте да си помогнеме. Само паметна политика не носи напред. Ова е единствениот автопат кој не носи кон развиениот свет, кој носи подобро утре за сите, но пред се за младите.Со кавги дома, со комшиите и со најголемите во светот имаме само штета, а за тоа цената ја платија младите. Нашите опоненти велат дека се ќе поништат што направи актуелната власт. Со тоа ќе имаме само блокади и назадување. На 21 април и на 5 мај, сите да се мобилизираме. Не може да си седиме дома и друг некој за нас да гласа. Мојот слоган е Заедно напред. Затоа да работиме сите, бидејќи отворените перспективи кон ЕУ и НАТО, носат само добро за државата и младите. Затоа имаме рекордни инвестиции од 624 милиони евра, имаме вработувања преку гаранција за млади. Се тоа можме да го забрзаме. Затоа е важно да продолжиме напред“, порача Пендаровски во Новаци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори