(ВИДЕО) Пендаровски во Могила: Патот е трасиран, стопирање нема

Од:

Стево Пендаровски, заедничкиот кандидат за претседател, на средба со жители на Могила, порача дека само паметна политика, политиката која има визија, која има стратегија како да ја постигне зацртаната цел, знае како од своите опоненти да направи пријатели и сојузници, во интерес на граѓаните, на младите.

„Тргнаа работите, се придвиживме и затоа мора да просолжиме. Наши министри седат на иста маса со најмоќните претставници во светот, на столчето наше во НАТО. Векови наназад други сили решавале за нас. Сега сме заедно на маса. Ако продолжиме со ова темпо, и покрај сопките на опозицијата, ќе добиеме датум за преговори, со што ни се отвораат европските фондови од 900 милиони евра годишно. Тоа е придобивка за сите, но најмногу за младите и нивната иднина“, рече Пендаровски.

Само паметна политика, рече Пендаровски ќе не носи напред.

„Со кавги дома, со комшиите и со најголемите во светот имаме само штета. Нашите опоненти велат дека се ќе поништат што направи актуелната власт. Со тоа ќе имаме само блокади и назадување. На 21 април и на 5 мај, сите да се мобилизираме. Не може да си седиме дома и друг некој да чекаме да ја заврши работата. Мојот слоган е Заедно напред. Затоа да работиме сите, бидејќи отворените перспективи кон ЕУ и НАТО, носат силни економски придобивки за нашата држава и сите граѓани, за младите. Патот е трасиран, стопирање нема, одиме напред“, порача Пендаровски од Могила.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Мицкоски рече дека тој побарал да се блокираат исплатите за ИПАРД, СДСМ вели дека лаже

Катерина Ѓуровски

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД