Колку време треба да работите за првиот милион

Од:

Колку време му е потребно на едно просечно домаќинство да заработи милион долари? Лондонски Економист направи истражување во кое се открива дека за најкратко време можете да станете милионер во САД.

За едно просечно семејство да го заработи првиот милион, потребни им се 20 години работа во Америка. Интересно е тоа што во САД исто така има најмногу домаќинства со заработувачка од еден милион долари, или скоро 4% од вкупниот број на домаќинства.

Економист за ова истражување користи податоци за тоа колку едно просечно домаќинство заработува за една година. Па така во Норвешка за да го заработите првиот милион потребни ви се исто така околу 20 години, неколку години повеќе ви се потребни во Швајцарија и Австрија, додека во Данска треба да работите 30 години за да го заработите првиот милион, слично како во Канада и Јапонија, покажува истражувањето на Економист.

Во Франција, Германија, Велика Британија се потребни дури 40 години до првиот милион, додека во Шпанија и Италија околу 50 години.

Интересно е тоа што во Португалија ви е потребен цел животен век и тоа долг околу 90 години за да го заработите првиот милион, а во Чиле неможете да заработите милион долари за едне животен век, бидејќи потребни се 160 години. Во Турција треба да работите 250 години до првиот милион, а исто толку е потребно и во Бугарија. Во Мексико за првиот милион ви се потребни три века, а во Романија 350 години.

Би можело да ве интересира

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АНАЛИЗА: Бројот на пензионери ќе се зголемува, притисокот врз ПИОМ ќе расте

Предраг Петровиќ

Украина доби 1,9 милијарди евра од ЕУ

Уапсен дилер од Штип, кај него пронајдена дрога и голема сума пари

Горан Наумовски

Кривична пријава за пет лица поради фалсификување пари

А1он

Студент ставил „мито“ од 10 денари во индекс – добил десетка

Анита Петровска Рајковиќ