Туск предлага „флексибилно продолжување“ на Брегзит

Од:

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск предложи да и се дозволи на Велика Британија „флексибилно продолжување“ од 12 месеци за напуштање на ЕУ.

Според висок функционер од ЕУ, таквиот предлог би и овозможил на Велика Британија во рок од 12 месеци, но и порано да ја напушти ЕУ доколку Парламентот на таа земја го ратификува договорот. Сепак, со тој предлог би требало да се согласат и останатите членки на средбата што ќе се одржи в среда, јави Би-Би-Си. Туск ќе ги убедува европските лидери дека на тој начин не би морале да се сосатануваат на неколку недели само за да го пролонгираат Брегзит.

Во текот на денешниот ден, разговорите за Брегзит ќе ги продолжат конзервативците и лабуристите. Велика Британија, согласно актуелниот договор, треба да ја напушти ЕУ на 12 април.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Џон Мејџор: Излегувањето на Британија од ЕУ беше голема грешка

Ана Ололовска

Градоначалникот на Лондон: Брегзит не функционира

А1он

Две третини од Британците сакаат референдум за повторно пристапување во ЕУ

Се повеќе Британци мислат дека Брегзит е грешка

Горан Наумовски

Лондон иницира еднострана промена на статусот на Северна Ирска по Брегзит

Ана Ололовска