СДСМ: Силјановска не знае каде, тоа е факт

Од:

„Силјановска не знае каде е. Тоа е факт. Таа е загубена во политиката на деструкција на Мицкоски којашто ја следи.

Потврдено е исто така дека како и Мицкоски, и неговата кандидатка, Гордана Силјановска не е искрена и е лицмерна пред граѓаните и пред јавноста.

Силјановска пред граѓаните вели дека не го признава и нема да го користи уставното име на државата. Но, официјален документ потврдува дека таа се потпишала на кандидатура за претседател на Република Северна Македонија.

Неприфатливо е претседателски кандидат да ги манипулира гласачите, да говори едно, а друго да прави.

Затоа, на изборите, граѓаните нема да дозволат лицемери и партиски послушници да застанат на чело на државата“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација