Двоцифрен раст на вредноста на биткоинот

Од:

Вредноста на биткоинот во изминативе 24 часа забележа раст од 15 проценти, што, според аналитичарите, е резултат на зголемениот ентузијазам на инвеститорите.

Биткоинот синоќа во еден момент достигна вредност од 5.000 американски долари, што претставуваше негово највисоко ниво од ноември минатата година, по што се стабилизира на 4.761 долар.

Толкав раст на биткоинот во текот на еден ден не е забележан повеќе од една година.

Покрај биткоинот, раст на вредноста забележаа и останатите криптовалути. Така, етереумот достигна вредност од 153 долари, што претставува раст од осум отсто за еден ден, а лајткоинот порасна за 13 проценти на 68 долари.

Вкупната пазарна капитализација на виртуелните валути за само еден ден порасна за 19 милијарди долари на речиси 163 милијарди.

Би можело да ве интересира

Вредноста на биткоинот надмина 86.000 долари

Биткоинот се искачи на речиси 40.200 евра

Доларот најсилен во изминатите 20 години

Ана Ололовска

Американскиот долар на највисоко ниво во изминатите пет години

Ана Ололовска

Централноафриканската Република го усвои биткоинот како легална валута

А1он

Вредноста на доларот со благ пад на девизните пазари

Ана Ололовска