(ВИДЕО) Бектеши за вработувањето на неговата сестра: Ќе видам дали ќе поднесам оставка

Од:

Министерот за економија, Крешник Бектеши нема да побара неговата сестра да се повлече од работното место во државната „Мепсо“. Тој и натаму тврди дека не можел и немал никакво влијание при нејзиното вработување.

Бектеши не сакаше да каже дали доколку Антикорупциска утврди судир на интереси тој ќе поднесе одговорност и оставка од функцијата.

„Што се однесува на вработувањето на мојата сестра не сум можел да имам влијание оти „Мепсо“ е посебна институција. Дали има судир на интереси нека утврди Антикорупциската комисија. Ако има судир на интереси, тогаш ќе одлучам дали ќе поднесам морална одговорност, дали сестра ми ќе се повлече од работното место или пак нешто друго“, рече Бектеши.

Влора Бектеши е вработена во државата компанија „Мепсо“, кон крајот на 2018, а почетокот на 2019 година.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да не си игра со безбедноста на македонското небо, бараме поништување на срамниот оглас во М-НАВ

Предраг Петровиќ

30 дена притвор за Крешник Бектеши и за 12 други лица во врска со трагедијата во дискотеката „Пулс“

Екс директорот на ДПИ-Горан Трајковски и Бектеши се сослушуваат во Обвинителството

Миланов: Бектеши e задржан во полициска станица поради натамошни проверки

Левица: Непотизмот и кронизмот беснеат – ДКСК остануваат неми

Бектеши: Победата во ДУИ не се дискутира, со СДСМ не сме блиску до договор за коалиција

A1on