(ВИДЕО) Дескоска: Ќе испратиме сериозна порака доколку овозможиме трајно функционирање на СЈО

Од:

Министерката за правда Рената Треневска-Дескоска пред денешната нова рунда преговори за Законот за јавно обвинителство со кој треба да се реши идниот статус на Специјалното јавно обвинителство изјави дека може да се очекува напредок доколку претставниците на ВМРО-ДПМНЕ се подготвени да ги почитуваат препораките на меѓународната заедница, но доколку останат на своите ставови, тогаш не гледа надеж дека нешто посебно би се случило.

Таа во изјава за медиумите дадена пред конференцијата „Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството“ уште еднаш повтори дека не се согласува со тоа дека треба да заврши мисијата и работата на СЈО, туку оти како држава ќе испратиме сериозна порака доколку овозможиме трајно функционирање на СЈО.

– Препораките кои ги добивме се многу јасни и се упатени јавно дека она што меѓународната заедница ќе го цени како позитивен исчекор, но и како одлучност во борбата против криминалот и корупцијата, е праќање на сигнал дека било која влада не треба да се плаши од борбата против корупцијата бидејќи секој тип на незаконско делување во рамки на било која влада треба да биде казнето со организирање на јавно обвинителство кое ќе гони сторителите на висока корупација. Во нашиот закон е ставено како Специјално јавно обвинитество кое ќе ги задржи постојните капацитети и ќе добие проширени надлежности и гаранции за своето идно делување, изјави Дескоска.

Таа додаде дека ќе направат напори да се постигне двотретинско мнозинство во Собранието за изгласување на овој закон.

– Прашање на пратеничките групи и политичките партии е дали ќе сакаат да се приклучат во евроинтергативните процеси или ќе стават приоритет на штитењето на криминалот во сопствените редови, нагласи Дескоска.

И судиката Маргарита Цаца Николовска смета дека СЈО мора да продолжи да работи во насока на утврдување на она што било криминал и на она што не било криминал.

– Не може да прифаќаме состојби до вчера прислушкуваните материјали да бидат еден од доказите, а сега одеднаш да донесеме одлука дека тие докази треба да бидат ставени на страна, изјави судиката Цаца Николовска.

Особено е важно, според неа, било кој орган да постапува да бидат имплементирани стадардите на фер постапка.

Би можело да ве интересира

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

A1on

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски

Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства

Нова амнестија: На слобода сите осудени на затвор до шест месеци, ВМРО ќе го блокира Законот

A1on