Пред Владата е поставена таблата со новото уставно име

Од:

На фасадата од Владата е поставена таблата со новото име на државата, Република Северна Македонија. Натписот е преведен на три јазици, македонски, англиски и албански.

Новото уставно име е поставено 12 часа пред доаѓањето на грчкиот премиер, Алексис Ципрас, во посета на државата, иако најавата на Владата беше дека таблите ќе бидат поставени по завршување на претседателските избори.

Тие претходно рекоа дека поставувањето ќе се одложи поради тендерските процедури, бидејќи како што предвидува изборниот законик, за време на изборниот процес не смеат да бидат распишани јавни набавки.

Инаку пред Владата течат подготовките за пречекот на грчкиот премиер, Алексис Ципрас. Се поставува видео-опрема и бина, но и останата опрема.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски