Според Островски медиуми, Арсен Венгер најверојатно ќе остане на чело на Арсенал, и по истекот на неговиот договор. Според извештаите, челниците на лондонскиот клуб, се подготвени да му понудат нов договор на стратегот, се со цел да го задржат до 2016-та година. Моменталниот договот на Венгер истекува во Јуни 2014.
Иднината на Венгер во Арсенал, стана неизвесна по елиминацијата од Купот, и фактот дека и по осум години, клубот од Лондон, останува без трофеј, со оглед на тоа што оваа сезона таквата надеж им остана во ЛШ, но таму налетаа на Баерн веќе во осмина-финалето, и многу тешко е за верување дека токму во таа конкуреција, ќе успеат да го прекинат постот.
Венгер се наоѓа на клупата на Арсенал уште од 1996-та година, а последниот трофеј беше освоен во 2005-тата, во ФА-Купот на Англија.
Францускиот стратег има примања од седум милиони фунти по сезона.