На улиците на Верона 20.000 демонстранти против “враќањето во средниот век”

Од:

Групи кои учествуваа во кампањата за правата на жените и ЛГБТ, ги преплавија улиците на Верона во саботата, кога црковните водачи и активистите за живот се состанаа на конференција за семејните вредности.

Демонстрантите беа таму да се спротивстават на Светскиот конгрес на семејствата, чија самопрогласена цел е да се врати она што го нарекува “природен семеен поредок”.

Според демонстрантите во Италија во моментов има многу сериозен напад врз сите права и слободи што ги освоиле жените.

“Постојат разговори за одземање на слободата на абортус, развод и семејно право. Ова се борби за кои се мислеше дека се веќе освоени” – велат демонстранктките.

Полицијата беше распоредена надвор од конференцијата и беше спроведена контра-демонстрација – од страна на групи кои ги поддржуваат целите на конференцијата.

Олимпија Тарзија, активист за борба против абортусот, рече: “Конгресот, пред сè, сака да го врати значењето и вредноста на семејството, помирувањето на жените помеѓу животот и работното време и вистинската слобода на жените”.

Тридневната конференција во Верона е финансирана од локалниот совет и е поддржана од екстремно десничарската партија Лига, која е партнер во актуелната популистичка коалициона влада на Италија.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим