Формирано Национално здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза

Од:

Национално здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза е формирано овој месец како резултат на, како што наведуваат, зголемениот број новодијагностицирани лица со оваа болест во државава.

– Алармантната состојба на зголемениот број на новодијагностицирани лица со МС (околу 80-тина пациенти годишно) и намалувањето на старосната граница, придонесе во фокусот на нашите заложби и активности да бидат подигнување на јавната свест, едукација, афирмација на потребите и сериозен пристап во навремена дијагностика, поголема достапност на иновативни, високоефикасни лекови, ран и адекватен и современ третман следејќи ги светските насоки/водичи за МС, наведуваат од Здружението.

Мултипла склероза е хронична, прогресивна, воспалителна и дегенеративна болест на централниот нервен систем, каде настанува оштетување на обвивката на нервните клетки (миелин) во мозокот, ’рбетниот мозок и оптичките нерви, кое води до прекин на невротрансмисијата, дегенерација и траен инвалидитет.

Би можело да ве интересира

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните