Захарова: САД планираат напад на Венецуела од холандскиот колонијален остров

Од:

САД добија дозвола од Холандија да го користат островот Курасао како почетна точка за воена интервенција во Венецуела, соопшти портпаролката на Министерството за надворешнир работи на Русија, Марија Захарова.

-Регистриравме спогодба помеѓу Холандија и САД за користење на инфраструктурата на островот Курасао за доставување хуманитарна помош во Венецуела.

На прв поглед оваа спогодба им овозможува на американските власти да ја користат инфраструктурата на островот за доставување хуманитарна помош, но се испостави дека договорот не исклучува можност да се користат и други начини на доставување помош, покрај цивилната. Која друга? Јасно е дека се работи за воена помош, рече Захарова.

Таа истакна јасно е дека Холандија и одобрила на Америја островот да го користи како почетна точка за интервенција во Венецуела, под закрила на хуманитарна помош.

-Се надеваме дека властите во Курасао нема да дозоволат тероторијата на островот да се користи за почеток на уште една западна авантура која се заканува да го дестабилизира целиот регион, рече Захарова.

Би можело да ве интересира

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска