Кејн: Сакам да играм во НФЛ

Од:

Хари Кејн сака да ја заврши својата кариера како кикер во Националната фудбалска лига на САД (НФЛ). Напаѓачот на Тотенхем објасни дека го следи шампионатот долги години и толку драстична промена подоцна во неговата кариера ќе го направи еден од најголемите спортисти на сите времиња.

Кикер е единствената позиција во НФЛ, која му овозможува на играчот да игра со нозете. Неговата улога е да ја шутне топката на почетокот, како и да додава бод кон шесте од тачдаун со прецизен удар меѓу гредите.

– Навистина имам желба да играм во НФЛ. Тоа е нешто што сигурно сакам да го пробам по 10 или 12 години. Ако си играл во Премиер лигата, на светско првенство, а потоа во НФЛ, не би ли требало да бидеш сметан за еден од најголемите спортисти на сите времиња? Кај мене водечка е желбата да бидам најдобар, изјави англискиот репрезентативец.

Кејн е обожавател на Њу Ингланд Петриотс, а неговиот омилен играч е Том Брејди. Напаѓачот на Тотенхем дури беше на трибините за време на овогодинешниот „Супер Боул“, во кој 41-годишниот квотербек го освои шестиот трофеј „Ломбарди“.

– Историјата ни е речиси идентична, бидејќи и двајцата не бевме сакани како помлади. Можеби затоа што не бевме одлични атлети. Не многу луѓе сметаа дека тој може да стане квотербек на ниво НФЛ, но всушност тој стана најдобар во историја. Едно време неговата приказна ме инспирираше до таков степен што сметав дека се е можно. Ако си самоуверен и си гладен за успеси, ти можеш да постигнеш се што сакаш, заврши тој.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска