(ВИДЕО) Спасовски: МВР поднесе 4 кривични пријави за палење трски

Од:

Министерството за внатрешни работи веќе има поднесено 4 кривични пријави за палењето на трските во Струга, рече министерот Оливер Спасовски на прашање на пратеничката Нола Исмајлоска Старова.

„МВР преземаше неколу пати мерки за вакви штетни последици, иако за тоа преземаат и други надлежни инспекторати во општината и државата“, рече Спасовски.

Тој додаде дека има пријави за два случаи, за палење на трската и крадење на тоа место, односно узурпација на заштитниот појас околу езерото.

„МВР има поднесено кривични пријави, има и пријава против инспектор зашто при претходен надзор не констатирал уништување и запалена трска“, рече Оливер Спасовски.

Исмајловска Старова праша и за состојбата во студентските домови, но одговорот се очекува во писмена форма бидејќи на седницата за пратенички прашања не е присутен министерот ниту заменикот во Министерството за образование.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари