(ВИДЕО) Арсовски: Заеви имаат фирми во странство, Зоран Заев излажа дека не знаел

Од:

„Бизнисите на кланот Заеви не само што цветаат во државава откако Зоран Заев е на власт, туку цветаат и во странство. Во случајов во соседна Република Бугарија.

На вчерашниот дуел бевме сведоци како Зоран Заев најпрвин јавно кажа дека воопшто не знаел за фирмите во странство на неговото семејство, во случај за фирми во Бугарија на неговиот братучед Трајче Заев и зет Славиша Бојовиќ, за веднаш потоа да признае дека неговото семејство поседува фирми во странство.

Имено, се работи за 3 фирми, фирмите Гомасидра, Ориент Груп и Радиша Трејд. Фирми кои што се основани од неговите роднини, Трајче Заев и Славиша Бојовиќ Заев“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во фирмата Гомасидра, која инаку е регистрирана во општина Благоевград, град Петрич, како градежна фирма, најпрвин уште во јуни 2017-тата година сопственик бил Сашко Брндевски, истиот оној кој продаде градежно земјиште на Вице Заев за стан од 40 квадрати, за во август 2018-тата година фирмата да ја преземе братучед му на Зоран Заев, Трајче Заев.

Втората фирма е Ориент Груп, каде што сопственик е Трајче Заев, фирма регистрирана во јуни 2018 од страна на Вице Заев, браотот на Зоран Заев и Славица Заева, а преземена од братучед му Трајче Заев во декември 2018 година. Фирмата е основана со влог од околу 5000 евра односно 10.000 лева и е на истата адреса како и претходната фирма во градот Петрич. Оваа фирмата е за транспорт и логистика.

Третата фирма е фимата Радиша Трејд, фирма на Радиша Бојович Заев, иначе зетот на Зоран Заев. Фирмата е регистрирана на истата адреса во Петрич како претходните две и исто така се бави со транспорт и логистика, а е основана и регистрирана во август 2016 година.

А отвори уста Зоран Заев, а излаже. Тоа е Зоран Заев.

Зоран Заев безобразно излажа пред 2 милиони граѓани на ТВ дуел. Зоран Заев без срам најпрвин кажа дека нема неговото семејство фирми во Бугарија, за потоа веднаш да потврди дека има фирми во странство.

Од што е лоша бизнис климата во Република Македонија, Заеви своите бизниси ги вадат надвор во странство и од таму профитираат.

Ни Заев не си верува дека бизнис климата во Република Македонија е добра како што тоа проба да го наметне во јавноста подолг период.

Веднаш да се одговори дали овие роднини на Заев имаат фирми во странство и за која цел истите се оформени?

За да се стави крај на сите овие лаги на Зоран Заев, сите масовно да излеземе на изборите и да го поразиме СДСМ. Да ставиме крај на непринципиелното владеење за личен интерес на кланот Заев, на картелот на власт и на СДСМ“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Владата на СДС и ДУИ ги заглави Национални шуми, еден милион евра ненаплатени побарувања, за 800.000 нема никакви податоци

Николовски за 100 дена Влада: Нула мерки и закочени субвенции

Катерина Ѓуровски

Лефков: ДЗР констатира Владата на СДС и ДУИ со авторски договори ангажирала лица кои не вршеле работа од тој тип, ниту имало потреба за тоа

Тренчевска: Платите се намалуваат, се враќа политиката на евтина работна сила

Катерина Ѓуровски

Лефков: Владата на СДС и ДУИ вршела исплати кон добавувачи за проекти без целосни информации дали средствата се искористени за намената која требало

Катерина Ѓуровски

Кој навредува, а кој не знае да чита – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со обвинувањата

Катерина Ѓуровски