Едноставен ароматичен ручек…
Потребно е:
400 г црвен грав од конзерва
400 г бел грав од конзерва
2 пикантни свежи колбаси
2 димени колбаси
1 помало парче панцета
1 главица кромид, ситно сечкан
150 мл црно вино
1 лажица балзамико-оцет
3 чешниња лук
1 лажица мелена црвена пиперка
1/2 лажиче мелен црн пипер
2-3 лажици сечкан свеж магдонос
1 лажица мајоран
сол, по вкус
Подготовка:
– Во тава на рингла на масло пропржете го кромидот 5 минути.
– Потоа додадете ги сечканите колбаси, сечканата панцета и продолжете со пржењето уште 10-тина минути. Колбасите треба убаво да се испржат.
– На крај додадете го и сечканото лукче и пржете уште 1 минута.
– Сега додадете ги и белиот и црниот грав заедно со течноста од конзервите, потоа сите останати зачини, виното, оцетот и варете 15-тина минути додека јадењето не се згусне.
– Вака подготвениот грав послужете го топол.