Меј го достави до Парламентот барањето за одлагање на Брегзит

Од:

Владата на Велика Британија денеска до Парламентот во Лондон достави документ со кој се предвидува одлагање на датумот за Брегзит, соопшти британската премиерка Тереза Меј.

– Владата денеска предложи инструмент со која се одлага датумот за Брегзит. Според меѓународното право, датумот за Брегзит е одложен. Ако Парламентот не го усвои овој инструмент, ќе се создаде правна несигурност, но тоа нема да го промени датумот за истапување од ЕУ со која се согласи меѓународната заедница, изјави Меј во обраќање пред пратениците на Долниот дом на Парламентот во Вестминстер.

Меј и овој пат ги повика пратениците да го поддржат договорот за Брегзит што го постигнаа нејзината Влада и Брисел, кој претходно во два наврати беше отфрлен од Долниот дом.

– Во спротивно ќе мора да молиме за уште поголемо одлагање и поради тоа ќе мораме да спроведеме избори за Европскиот парламент. Граѓаните пред три години гласаа против нешто такво, истакна Меј.

Таа нагласи дека евентуалното истапување на Велика Британија од ЕУ без договор ќе и нанесе „суштински удар“ на земјата, а обидите да се направат измени во постигнатиот Договор за Брегзит не претставуваат излез од сегашната состојба.

Според првичниот план, Велика Британија требаше да ја напушти ЕУ на 29 март, но Меј минатата недела побара од лидерите на Унијата одлагање на Брегзит до 30 мај.

Но, шефовите на држави или влади на ЕУ не прифатија пролонгирање на Брегзит до овој датум, туку на Лондон му понудија две варијанти. Првата варијанта предвидува одлагање на Брегзит до 22 мај, доколку Парламентот во Лондон го прифати Договорот за британското истапување од ЕУ. Доколку Парламентот не го стори тоа, во игра стапува втората варијанта, која предвидува одлагање на Брегзит само до 12 април.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Џон Мејџор: Излегувањето на Британија од ЕУ беше голема грешка

Ана Ололовска

Градоначалникот на Лондон: Брегзит не функционира

А1он

Две третини од Британците сакаат референдум за повторно пристапување во ЕУ

Се повеќе Британци мислат дека Брегзит е грешка

Горан Наумовски

Лондон иницира еднострана промена на статусот на Северна Ирска по Брегзит

Ана Ололовска