Седум кандидати за двајца технички експерти во комисијата за надзор на следењето комуникации

Од:

Седуммина кандидати се пријавиле на конкурсот на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите за две места за технички експерти за постојана поддршка.

На денешната седница Комисијата ќе спроведе интервјуа со седуммината кандидати.

– За потребите за поддршка на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите отворивме јавен конкурс на кој се пријавија седуммина кандидати, од кои ќе биде направен изборот на двајца технички експерти, рече Димитриев.

На негов предлог Комисијата едногласно одлучи интервјуата да се спроведуваат на затворен дел на сединцата.

-Бидејќи овие седум кандидати аплицираат за работа на која претежно ќе се опрерира со класифицирани документи иинформации, но и поради тоа што на интервјуата ќе се гледаат и лични податоци, предлагам Комисијата нив да ги спроведе на затворена седница, рече Димитриев.

По спроведувањето на интервјуата кандидатите ќе одат на безбедносна проверка, а нивниот избор, како што рече Димитриев, ќе се направи по завршувањето на изборите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште