Авиони во забранетата зона над домот на Обама

Од:

[staff name=”Јасна Атанасова” position=”Автор”][/staff]Борбени авиони на американската авијација сретнале два мали авиони кои влегле во забранетиот простор за летови во близина на резиденцијата на претседателот Барак Обама во Флорида.

Во забранетиот простор најпрво влегол авион од типот Цесна 152, а неколку часа подоцна и авион од типот Ланчер 320, известува Си-Ен-Ен. Двата авиони ги пресретнали борбени ловци Ф-16, кои ги придружувале додека на ја напуштиле забранетата зона. Двата инциденти се под истрага.

Според локалните медиуми, Обама зел куса пауза од работата и заминал за Палм Сити каде што се релаксира играјќи голф.

Сличен инцидент се случи во февруари минатата година кога авионот од типот „Cessna 182″, чиј пилот не одговори на барањата од контролата на летањето, пријде на опасно растојание од авионот со кој патуваше претседателот Обама, при полетување од Лос Анџелес. Борбените авиони на американските воздухопловни сили ја пресретнаа и ја приземјија „Cessna”-та, во којашто подоцна беа пронајдени околу 20 килограми марихуана.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас