Идеално предјадење за секој ручек и одлична закуска за домашна забава, седенка…
Потребно е:
за пилешката салата:
250 г ситно сечкано пилешко месо
2 чешниња лук, ситно сечкани
3 млади кромитчиња, ситно сечкани
1 мала главица црвен кромид, ситно сечкан
сол и свежо мелен црн пипер, по вкус
2 лажици мајонез
2 лажици кисела павлака
20 г суви брусници, ситно сечкани
50 г ореви, тостирани и ситно сечкани ореви
1 лажица свеж магдонос, ситно сечкан
за тестото:
185 г брашно
115 г путер
250 мл вода
1/2 лажиче сол
1 лажиче шеќер
4 јајца
Подготовка:
– Прво припремете го филот (пилешката салата) за принцес-крофните. Во еден сад ставете ги сите состојки, измешајте убаво и садот ставете го во фрижидер најмалку 1 час.
– Во сад на рингла на помала темература ставете вода и путер. Кога путерот ќе се растопи, зголемете ја температурата.
– Измешајте ги брашното, шеќерот и солта.
– Кога водата ќе почне да врие, садот тргнете го од рингла, додадете го брашното и мешајте додека не добиете хомогена смеса, која ќе се одвојува од ѕидовите на садот.
– Оставете го тестото околу 15 минути да се излади и потоа додавајте едно по едно јајце и матете со миксер.
– Тавата обложете ја со хартија за печење. Со лажиче или, пак, со готварски шприц ставајте од тестото во форма на круг со дијаметар околу 5 см. Помеѓу оставајте простор затоа што ќе нараснат додека се печат.
– Ставете да се печат во претходно загреана рерна на 200 Целзиусови степени 10 минути, а потоа намалете ја температурата на 170 степени и печете уште 10 минути додека не поруменат. Додека се печат, немојте да ја отворате рерната затоа што ќе спласнат.
– Печените принцес-крофни оставете ги да се изладат, а потоа со рецкав нож пресечете ги на пола по должина и наполнете ги со претходно подготвената пилешка салата.