Двајца убиени во протести на границата меѓу Израел и Појасот Газа

Од:

Израелските сили убија двајца и ранија 55 Палестинци за време на денешните протести долж границата меѓу Појасот Газа и Израел, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Во соопштението се посочува дека двајцата Палестинци, на возраст од 29 и 18 години, биле убиени на две различни локации, кога израелските сили отвориле оган врз демонстрантите.

Израелската Армија, од своја страна, информира дека нејзините припадници „се соочиле со околу 9.500 демонстранти, од кои некои фрлале камења и запалени гуми кон нив“.

Во армиското соопштение се посочува дека израелските војници на овие напади одговориле со „средства за разбивање немири“ и отвориле оган во согласност со стандардните оперативни процедури.

Според палестински извори, од почетокот на протестите на границата меѓу Појасот Газа и Израел на 30 март минатата година, па досега, биле убиени околу 200 лица. Покрај нив, во други инциденти во посочениот период животите ги загубиле уште 60 Палестинци.

Би можело да ве интересира

„Почна да се пука, фрлаа гранати, беше многу лошо“: Кумановката Марица расплакана го раскажа стресот од војната

A1on

Израелски авиони го нападнаа Појасот Газа по падот на проектил во близина на граничното подрачје

Во пожар на роденденска забава во Појасот Газа загинаа 21 лице, 17 членови на исто семејство

А1он

Израел погоди цели во Појасот Газа

Блинкен ќе ги посети Израел и Западниот Брег

ВИДЕО: 800 илјади луѓе во Газа немаат пристап до вода за пиење