Во пожар на роденденска забава во Појасот Газа загинаа 21 лице, 17 членови на исто семејство

Од:

За време на роденденска прослава, во пожар во Појасот Газа загинаа 21 лице, од кои 17 членови на исто семејство, соопштија властите.

Според властите, пожарот избил во трикатна станбена зграда во бегалскиот камп Џабалија. Пожарот бил многу силен поради складираниот бензин, а истрагата е во тек.

Во Газа има недостиг на гориво, тоа се должи главно на парализирачката блокада од страна на Израел и Египет, бидејќи во областа владее екстремистичкиот Хамас.

Затоа, жители во становите чуваат резерви на плински боци, дизел и бензин, што е честа причина за пожари.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

„Почна да се пука, фрлаа гранати, беше многу лошо“: Кумановката Марица расплакана го раскажа стресот од војната

Орце Костов

Израелски авиони го нападнаа Појасот Газа по падот на проектил во близина на граничното подрачје

Израел погоди цели во Појасот Газа

Блинкен ќе ги посети Израел и Западниот Брег

ВИДЕО: 800 илјади луѓе во Газа немаат пристап до вода за пиење

Илјадници жители на Газа се враќаат во разурнатите домови, примирјето се почитува

Катерина Ѓуровски